Top Sport

Ништо од Партизан, Загорац се пресели во Бетис

Младиот српски кошаркар Раде Загорац (22) кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, во екипата на Бетис од Севилја.

Загорац по враќањето од НБА лигата се поврзуваше со екипата на Паризан од Белград, но речиси едномесечните преговори не вродија со плод и тој реши да оди во Шпанја. Информацијата за трансферот ја објави неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ на Твитер.

Талентираниот крилен кошаркар претходните пет сезони играше во Мега, а летовот потпиша тригодишен договор со Мемфис Гризлис.

Меѓутоа, непосредно пред почетокот на сезоната во мемфис одлучија дека тоје вишок во тимот и го раскинаа договорот.

Бетис од Севилја се наоѓа на последното место во Шпанија.

Scroll to Top