Top Sport

Двајца стјуарди во болница по мечот Брајтон-Кристал Палас

Тимот на Брајтон ги обвини навивачите на Кристал Палас дека пристигнале на дербито во вторникот со „желба да прават проблеми“, откако двајца стјуарди завршија во болница по пресметките пред стадионот „Амекс“ по стартот на мечот.

На дел од навивачите на Палас не им беше дозволен влез на стадионот и покрај тоа што имаа билети за првиот дуел на двата тима во елитата од 1981 година. Одлуката да се затворат влезовите на стадионот беше донесена во 19:51 по локално време, шест минути откако мечот започна во соработка со полицијата во Сасекс, по што 150 фанови беа придружувани до железничката станица, нешто што не им се допадна и тогаш настанаа проблемите и неколку стјуарди беа повредени, од кои двајца завршија во болница.

Мечот заврши 0:0.

Scroll to Top