Садио Мане втор натпревар едноподруго утна пенал, но исто така го постигна и својот трет гол на Африканскиот куп на нации да ги предводи Сенегал до тесна 1:0 победа над Уганда и пласман во четврт-финалето на континенталниот шампионат.
Ѕвездата на Ливерпул во 15. минута постигна елегантен гол за да донесе водство на „Лавовите од Теранга“, а во 61. минута од мечот имаше совршена шанса да го реши победникот, но Денис Онјанго му го одбрани пеналот. Мане исто така утна пенал во последниот меч во групите, против Кенија, но и тогаш постигна гол за победа.
Сенегалците во четврт-финалето ќе играат со Бенин, кои претходно денеска ги шокираа фаворитите Мароко со победа на пенали откако мечот по 120 минути заврши 1:1.
Sadio Mane leading the race for the golden boot with a tidy finish for Senegal! ?? pic.twitter.com/p2ZP6L6kUu
— Samuel (@SamueILFC) July 5, 2019
THE GREAT WALL OF UGANDA! @masindeonyango saves a Sadio Mane penalty.#KawowoUpdates #AFCON2019 #UGASENpic.twitter.com/ZXaGcgfhQ8
— Kawowo Sports (@kawowosports) July 5, 2019