Top Sport

ФК Милан ќе игра пријателска во Приштина

Фудбалскиот клуб Милан летово ќе одигра пријателски натпревар на стадионот „Фадиљ Вокри“ на Косово.

Милан, на 20 август, треба да се сретнат со фудбалскиот клуб Фероникл од Глоговац. Фероникол сезонава игра во претквалификациите во Лигата на шампионите и веќе ја мина првата пречка.

„По турнејата во САД и Кардиф доаѓањето во Приштина ќе биде можност за навивачите, а особено за фановите на „росо-нерите“ на Косово, но и од соседните балкански држави, во живо да го следат својот клуб во подготвителниот период за новата сезона“, се наведува на порталот „Милан Њуз“.

Scroll to Top