Жозе Мурињо се повлекол од преговорите со најбогатиот Кинез Хуи Јиан сопственикот на Евергранде групацијата, спонзорот на најдобриот кинески клуб.
Се шпекулира дека Јиан на Португалецот му понудил годишна плата од близу 40 милиони евра со што би станал тренер со најголема плата во историјата на фудбалот.
Мурињо поради семејството ја одбил понудата да го преземе Гвангжу Евергранде. Португалецот е врзан за семејството, не сакал во Азија да оди сам.
Како сега стојат работите можно е Мурињо да остане без работа од причина што клубовите каде тој би прифатил да работи веќе имаат тренери.
По завршувањето на сезоната се шпекулираше дека ги одбил понудите на Бенфика е Селтик, а неодамна самиот соопшти дека не е заинтересиран да го преземе Њукасл.