Таткото на Нејмар, кој воедно е и негов менаџер, ги демантира медиумските пишувања дека најскапиот фудбалер во историјата би можел да се пресели во мадридски Реал.
Нејмар во летниот преоден рок замина од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра. Во новиот клуб игра одлично, на 15 натпревари има постигнато 14 голови, но ова не ги спречува медиумите да шпекулираат дека тој ќе се врати во Ла Лига, но не во Барселона туку во Реал Мадрид.
„Воопшто не размислуваме на таа тема. Доколку одоговориме на такво прашање само ќе ги подгрееме шпакулациите за таа невозможна идеја. Нејмар има долг договор и уште пет или шест години нема да има никакви преговори“, категоричен е во својата изјава Нејмар Сениор.
Но, според медиумите, потезите кои во минатото ги влечеше Нејмар Сениор покажуваат дека на неговите зборови не треба премногу да им се верува. Слични изјави, поврзани со заминувањето од Барселона, тој даваше пред една година, за потоа да се случи спротивното.