Формула 1 загуби голем спонзор, откако шпанскиот финансиски гигант „Банко Сантандер“ потврди дека ќе ја прекрати соработката со Ферари по осум сезони.
Сантандер, кои неодамна објавија тригодишен договор за поддршка на Лигата на шампиони, исто така престанува со поддршката на Формула 1, откако беше спонзор на повеќе трки во последните години.
Сантандер пристигна во Фераир во 2010 година, кога двократниот шампион Фернандо Алонсо дојде во италијанскиот тим, откако претходно работеа со Мекларен додека Шпанецот беше таму.
Ова е лоша вест за новите сопственици на спортот „Либерти медија“, и доаѓа во истиот ден кога Алфа Ромео објави дека ќе биде технички спонзор на швајцарскиот тим Заубер.