Top Sport

Сириецот Омар Харбин е најдобриот азиски фудбалер во 2017

Омар Харбин стана првиот фудбалер од Сирија кој бил крунисан за најдобар азиски фудбалер, откако напаѓачот на Ал Хилал ја доби најпрестижната награда на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

23-годишниот Харбин го совлада минатогодишниот победник Омар Абдулрахман (ОАЕ) и Ву Леи (Кина), кој втора година по ред е кандидиран.

Харбин имаше импресивна сезона во која постигна 10 гола во Азиската ЛШ за да биде најдобар стрелец, а исто така играше главна улога во фантастичните квалификации на Сирија, во кои тие беа на два чекори од пласман на Мундијалот, губејќи од Австралија во азискиот бараж.

„Ќе играме и ќе се бориме да донесеме радост за луѓето, тоа е главната цел. Сакам да им порачам на сите Сиријци дека ќе им донесеме среќа и радост на Азискиот куп следната година“, изјави Харбин.

Наградата е мала утеха за Ал Хилал, откако тимот загуби во финалето од ЛШ од јапонскиот Урава ред дајмондс минатиот викенд.

Австралијката Саманта Кер е добитник на женската награда, победувајќи ги Јапонката Саки Кумагаи и Севернокорејката Сунг Хјанг-сим.

Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-мин беше прогласен за меѓународен играч на годината, вторпат во последните три години. Тренерот на Урава, Такафуми Хори е најдобар тренер во Азија, додека селекторот на националниот женски тим на Јапонија, Такакура Асако беше прогласена за најдобра во женска конкуренција.

Scroll to Top