Изјавата на Лионел Меси дека Копа Америка е корумпирано натпреварување и дека челниците однапред трофејот му го намениле на Бразил предизвиката големо внимание на јавноста во Јужна Америка.
Изјата на Меси ја коментираше и бразилскиот селектор Тите, по победата на неговата репрезентација над Перу (3:1) во финалето на Копа Америка.
„Некој кого го сметам за фантастичен напаѓач, вистински фудбалски вонземјанин, мора да покаже повеќе почитување. Мора да научи да прифати пораз“, рекол селекторот на Бразил и дополнил.
„Ние многу пати сме биле оштетени од судиите, дури и во финалето беше досуден пенал против нас кој тоа не беше, но останавме мирни и покажавме почитување“.
Бразил во полу-финалето ја победи Аргентина (2:0), а Меси по тој меч изјави дека Копа Америка е корумпирано натпреварување. Поради оваа изјава тој може да добие две годишна суспензија.