Американката Алисон Риск ја елиминираше најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти и се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон. Риск, во четвртото коло, ја победи Бартин со пресврт во три сета 3/6, 6/2, 6/3.
Риск и четвртиот меч на годинешниот Вимблдон го доби во три сета, пред Барти таа со 2:1 ги совлада Дона Векиќ, Ивана Јоровиќ и Белинда Бенчиќ.
Инаку Американката оваа сезона има најмногу победи на тревната подлога, а како увертира за Вимблдон ја освои титулата во Хретогенбош.
Дека таа целосно ја надигра шампионката од Роланд Гарос и првата тенисерка на ВТА листата покажува и статистиката. Риск забележа три ас сервиси, 30 винери и 15 не изнудени грешки, додека Барти имаше 12 ас сервиси, 27 директни поени и 25 не изнудени грешки.
За пласман во полу-финалето Риск ќе игра против сонародничката Серена Вилијамс, која лесно во два сета 6/2, 6/2 ја победи шпанската тенисерка Карла Суарез-Наваро.