Душан Тадиќ ќе ја заврши кариерата како фудбалер во Ајакс и ќе ја започне тренерската кариера, откако холандскиот шампион му го продолжи договорот за уште една сезона (до 2023), по што барем до 2026 ќе работи како тренер на младинските тимови на „копјаниците“.
30-годишниот Тадиќ имаше фантастична сезона со Ајакс, предводејќи ги до холандската двојна титула и до полуфиналето од Лигата на шампионите, постигнувајќи 38 голови и 24 асистенции во само 56 натпревари.
Тадиќ, кој дојде од Саутемптон за 11 милиони евра минатата сезона, е еден од ретките ѕвезди на тимот кој не заминува – Френки де Јонг веќе потпиша со Барселона, Матијс де Лихт е пред потпис со Јувентус, а има многу заинтересирани и за другите фудбалери на Ајакс.
Тадиќ ја почна кариерата со Војводина, по што во 2010 година пристигна во Холандија како фудбалер на Гронинген. Тој играше и во Твенте четири сезони, пред четири години да игра во Саутемптон.
A true artist is never done. ?#ExtendingTadic pic.twitter.com/d7f4faUBMj
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 8, 2019