Top Sport

Ејвери Бредли ќе потпише со Лејкерси

Слободниот агент Ејвери Бредли ќе потпише двегодишен договор вреден 9.7 милиони долари со Лос Анџелес лејкерс, јавува „ЕСПН“, повикувајќи се на неговиот агент Бил Дафи.

Бредли стана слободен играч откако Мемфис гризлис го отпуштија во саботата, и сега ќе се приклучи на Ентони Дејвис и Дени Грин како нов играч на славниот клуб од Ел-Еј. Бредли ќе потпише едногодишен договор со опција на уште една сезона.

28-годишниот Бредли е познат по својата игра во одбраната во системот на тренерот Док Риверс. Бредли имаше 49 меча за Лос Анџелес клиперс минатата сезона пред да биде трејдуван во Мемфис во февруари за Џамајкл Грин и Герет Темпл. За Гризлис тој одигра 14 натпревари со просек од 16 поени, 4 асистенции и 3.2 скока и покрај тоа што имаше посериозна повреда на коленото.

Бредли своите први шест и пол години во НБА кариерата ги помина во Бостон селтикс, пред во 2017 да биде трејдуван во Детроит, а потоа и во Клиперс. Со неговото додавање, Лејкерси имаат 14 играчи на ростерот, со само уште едно слободно место.

Scroll to Top