Top Sport

Ѓоковиќ: Доминацијата на големата тројка ќе потрае

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека не гледа брзо менување на тенискат генерација, откако тој, Роџер Федерер и Рафаел Надал имаа импресивни победи во три сет за пласман во четврт-финалето на Вимблдон.

Тројката, која заедно има 53 гренд слем титули, имаа неверојатно лесни победи во четвртото коло, заеднички губејќи само 19 гема. Ѓоковиќ го победи Французинот Иго Умбер со 6:3/6:2/6:3, Федерер со 6:1/6:2/6:2 го збриша Матео Беретини, додека Надал со 6:2/6:2/6:2 беше подобар од Жоао Соуса.

Тешко е да се очекува шампион да биде некој друг и Ѓоковиќ вели дека најдобрите се најподготвени на големите турнири.

„Немам објаснување за оваа доминација. Ви оставам сами да се обидете да разберете. Ние работиме напорно да бидеме во ваква позиција. Одлично е што сум еден од тие тројца и што сме толку успешни. Младите момци ќе не заменат, тоа е сигурно. Кога ќе се случи? Се надевам не набргу, но ќе се случи. Но, верувајте работиме напорно да го одложиме тоа“, вели Ѓоковиќ.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, ВИМБЛДОН

Новак Ѓоковиќ – Давид Гофан

Гвидо Пелја – Роберто Баутиста Агут

Сем Квереј – Рафаел Надал

Кеи Нишикори – Роџер Федерер

Scroll to Top