Фудбалерите на Шкендија вечерва во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе гостуваат во Естонија, кај шампионите на оваа земја Номе Калју. Во таборот на македонскиот шампион очекуваат тежок меч, најмногу поради тоа што првенството на Естонија е во тек, а за нив ова ќе биде првиот официјален меч во новата сезона.
„Го анализиравме противникот. Тоа е добар тим, добро се организирани играат дисциплинирано, а ние ќе мора да внимаваме на новата лева страна“, рекол тренерот на Шкендија Ќатип Османи.
Натпреварот на стадионот „Кариорг“ ќе започне во 18 часот.
Инаку покрај дуелот во Естонија, денес во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе се одиграат уште седум натпревари.
15:00 Астана-Клуж
16:00 Арарат-АИК Стокхолм
18:00 ХЈК Хелсинки-ХБ Торшавн
19:45 Сараево-Селтик
20:00 Дуделанж-Валета
20:00 Судува-Црвена ѕвезда
20:00 ТНС-Фероникел
foto/kfshkendija.com