Аргентинскиот фудбалер Гонзало Игуаин одбива да разгледа било каква понуда од италијанските клубот што се заинтересирани за неговите услуги. Тој бил сигурен дека може да го убеди Маурицио Сари да го задржи во Јувентус.
Аргентинецот пред неколку недели се врати во Јувентус од Челси каде тренер му беше токму Сари.
Иако челниците на клубот имаат намера да го продадат „Скај Спрот“ пренесе дека Игуаин не сака ниту да ја слушне понудата од Рома, ниту пак од било кој друг клуб.
Неговиот менаџер изјавил дека нема да замине од клубот бедејќи имал договор што истекува за две години.
Аргентинецот, како што пишуваат Италијаните, ангажирал тренер со кого самостојно работи за да го импресионирал Сари.