Top Sport

Млада руска ракометарка се удавила во Полска

Руската репрезентативка во ракомет на песок, 20 годишната Екатарина Королева, ден по завршувањето на Европското првенство во Полска била пронајдена мртва.

Младата ракометарка се капела во езерото по завршувањето на турнирот и се удавила. Веста за смртта на Королева ја потврдиле од Ракометната федерација на Русија.

„Според првичните информации Екатарина се удавила во езерото блиску до теренот. Во истрагата учествуваше и полската полиција. Ракометната федерација на Русија сочувствува со семејството и пријателите на Екатарина. Тагуваме заедно со вас“.

Королева со ракомет започната да се занимава кога имала 15 години.

Scroll to Top