Австриската скијачка федерација објави дека поранешниот шампион од новогодишната турнеја „4 скокалници“, Томас Дитхард добил сериозен потрес на мозокот и повреди на белите дробови при пад на тренинг во Рамсау.
Дитхарт ја загубил контролата на скокот веднаш по напуштањето на скокалницата по што имал тежок пад. Тој не ја загубил свеста и веднаш е однесен со хеликоптер во болницата во Шладминг.
Дитхарт победи на натпреварувањата во Гармиш-Партенкирхен и Бишофсхофен во 2014 година за да ја освои престижната новогодишна серија. Следниот месец, тој освои сребро со австрискиот тим на Олимпијадата во Сочи.
Кариерата на 25-годишниот Австриец потоа беше сопрена од неколку повреди и тој се обидуваше да направи кам-бек на Светскиот куп првпат од март 2015 година.
Во февруари 2016 година, тој се натпреваруваше во Континенталниот куп (втората лига во скијачките скокови), кога имаше драматичен пад на скокалницата во Бротероде, Германија. Тој по тој пад доби потрес на мозокот и повреди на ‘рбетот, по што ја објави следната фотографија по падот.