Top Sport

Повратнички гол за Адеми, Динамо со лесна победа (видео)

Динамо Загреб влезе во полуфиналето на Хрватскиот куп, откако на празниот „Максимир“ со 4:2 ја совлада Истра во меч во кој Анџело Енрикез имаше хет-трик, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го постигна својот прв гол по кам-бекот.

Капитенот на „модрите“, Адеми постигна гол во 48. минута, кога Динамо веќе има имаше предност од 2:0.

Вечерва Осиек и Хајдук ќе бараат место во полуфинале, додека двата други дуели од четврт-финалето (Рудеш-Локомотива и Интер-Риека) се играат подоцна.

Scroll to Top