Вилјареал потврдија дека му дале петгодишен договор на поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Алберто Морено, откако на Шпанецот му истече договорот со клубот од „Енфилд“ по пет години во Англија.
Левиот бек се враќа во Ла лига по 141 настапи и 3 гола за Ливерпул, и е последното засилување за „жолтата подморница“ ова лето. Морено не наоѓаше често место во првиот тим на Ливерпул, посебно покрај Ендру Робертсон и имаше само пет настапи минатата сезона.
Морено зад себе има една титула од Лига Европа со Севилја во 2014 година, и една титула од Лигата на шампионите од минатата сезона со Ливерпул. Тој исто така има 9 настапи за шпанската репрезентација од 2013 година.
Тој е трето засилување за Вилјареал по Рубен Пења од Еибар и Раул Албиол од Наполи. „Жолтата подморница“ заврши само на 14. место минатата сезона.
Welcome to the Yellows @lfc18alberto! ?https://t.co/QNwRdMFwAd pic.twitter.com/TaiuhQ1C6p
— Villarreal CF English (@Eng_Villarreal) July 9, 2019