Top Sport

Модриќ го зеде имењакот Јовиќ под своја заштита

Лука Јовиќ очигледно има добар ментор во тимот на Реал Мадрид, откако српскиот напаѓач се најде во друштво на својот поискусен имењак и освојувач на „златната топка“, Лука Модриќ.

Младиот Србин дојде од Ајнтрахт Франкфурт како големо засилување за „кралскиот клуб“ и Модриќ реши да му покаже дел од ноќниот живот во Мадрид, носејќи го на вечера во ресторан со неколку пријатели.

Според шпанскиот „АС“, одлуката да биде близок со хрватскиот фудбалер е исправна за Јовиќ, бидејќи во тој „круг на Модриќ“ се и Серхио Рамос, Кејлор Навас и Лукас Васкез, кои се блиски пријатели и надвор од фудбалските терени.

Scroll to Top