Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, верува дека Хамес Родригез ќе го засили неговиот тим и рекол дека не би го менувал Лоренцо Инсиње за Мауро Икарди.
Колумбецот Родригез е играч на Реал Мадрид, тој изминатите две сезони ги мина на позајмица во Баерн Михен. За него нема место во Реал поради што е во потрага по нов клуб, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е Наполи.
„Не знам дали Хамес ќе дојде, се надевам. Го познавам добро, може да игра на повеќе позиции. Ќе треба да бидеме трпеливи“, рекол Анчелоти, а потоа проговорил и за шпекулациите околу можната размена со Интер, Инсиње за Икарди.
„Не го менувал Инсиње. Тој е нашиот капитен. Тие двајца толку се разликуваат. Знам дека не поврзуваат со многу играчи, за некои од нив сме заинтересирани, за некои не сме“.
Наполи ќе започна подготовките за новата сезона, а в сабота ќе го одиграат и првиот контролен меч против Беневенто.