Top Sport

Демант од Истанбул, Фенербахче не биле заинтересирани за Езил

Фудбалскиот клуб Фенербахче експресно ги демантираше наводите на неколку медиуми дека работи на трансферот на Месут Езил. Поранешниот германски репрезентативец не може да најде клуб бидејќи никој не сака да му ја даде платата што ја има во Арсенал.

„Месут Езил во својата кариера успешно ја претставувал нашата земја во странство. Сепак ние не сме испратиле никаква понуда. Финсиската ситуација во која се наоѓа клубот не ни дозволува да направиме таков трансфер“, се наведува во соопштението од Фенербахче.

Езил во февруари минатата година потпиша нов три и пол годишен договор со Арсенал. Според договорот тој има неделна плата од 350.000 фунти.

Scroll to Top