Кавај Ленард избрал да потпише пократок договор со Лос Анџелес клиперс, со идентична должина како неговиот нов соиграч Пол Џорџ, по што двајцата би биле слободни агенти веќе во 2021 година, тврди „ЕСПН“.
Ленард се согласил на тригодишен договор од 103.1 милиони долари во кој има опција за сезоната 2021/22 – тој ќе заработува 32.74 милиони следната сезона, 34.37 милиони во 2020/21 и 36.01 милиони ако избере да остане уште една година. Џорџ пак, со договорот од 136.9 милиони долари потпишан со Оклахома сити во 2018 исто така има опција за 2021/22.
Ленард се согласил да го продолжи договорот дури откако тимот ја финализирал работата со Џорџ, а Клиперс се помириле со тоа што имаат само две сигурни години со Ленард и Џорџ во тимот.