Луис Хамилтон беше забележан на аеродромот во Лос Анџелес како чека ред за лет за Британија, откако полека мора да се навикнува без привилегијата да има приватен авион, кој го продаде за 25 милиони фунти.
34-годишниот петкратен светски шампион во Формула 1 го купи својот „Бомбардиер челенџер 605“ во 2013 година и постојано патуваше на трките и на другите негови активности со него, но сепак ,решил дека веќе нема економска смисла да го чува авионот, а во исто време поседувањето на приватен авион се косело со неговата еколошка свесност.
Авионот е продаден на приватната компанија „Саксон ер“, и тој има база во Норич во источна Англија.