Баерн Минхен и официјално потврди дека Јуп Хајнкес по четврти пат ќе стане нивни тренер откако бундеслигашот го отпушти Карло Анчелоти по слабиот старт на шампионатот.
72-годишниот Хајнкес веќе трипати беше на клупата на „Баварците“, а во 2013 година стигна до историската тројна титула, во националниот шампионат, во германскиот куп и во Лигата на шампионите.
„Ова не кам-бек, туку е пријателска услуга. Го правам ова само бидејќи имам за што да бидам благодарен на Баерн. Имам добро чувство, почнуваме веднаш“, изјави Хајнкес.
Спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ е сигурен дека германскиот тренер е вистински избор.
„Јуп Хајнкес е мајстор на човечките односи и на тактиката. Убедени сме дека тој е вистинскиот човек кој треба да го врати тимот на победнички патеки“, вели Салихамиџиќ.