Top Sport

Тематски парк за Лионел Меси!

Кинеските навивачи ќе имаат шанса да дознаат сè за Лионел Меси во специјалниот тематски парк за аргентинската фудбалска легенда во Нанџинг, кој ќе биде отворен во 2020 година.

Компанијата „Медиапро“ го започна проектот во јуни во соработка со „Феникс груп“ и менаџментот на Лионел Меси, и ветува дека дел од посетителите дури и ќе можат да зборуваат со Лео.

Во паркот, посетителите ќе можат да дознаат сè за детството на Меси во Росарио, преселбата во Барселона и работата во школата на каталонскиот тим.

„Фудбалот во Кина расте експоненцијално и Нанџинг е фудбалската престолнина на оваа земја. Проектот ќе биде огромен, на 80.000 квадратни метри, а паркот ќе биде поврзан со брза железница со Шангај и очекуваме 4-5 милиони посетители годишно“, изјави Давид Чирау, сопственикот на „Медиапро“.

Иако целосните детали не се познати, дел од атракциите на паркот ќе бидат објекти со виртуелна реалност, синтетички карактери, посебни ресторани со аргентинска и шпанска кујна, повеќе од 20 различни објекти, 12.000 метри квадратни градини и 25.000 метри јавни простори.

Сумата која ќе биде потрошена на паркот ќе биде над 170 милиони евра и тоа без инвестициите потребни за урбанизација.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top