Роџер Федерер преку Кеи Нишикори се пласираше во полу-финалето на Вимблдон, иако на почетокот на мечот Јапонецот го диктираше ритамот и успеа да го добие првиот сет. Федерер за пласман во финалето ќе се бори со Рафа Надал. Ќе биде тоа првото соочување на двајцата тенисери на Вимблдон, по епското финале што го одиграа пред 11 години.
Федерер на патот до полу-финалето досега има загубено два сета. Запрашан како би се опипал себеси, 37 годишниот тенисер рекол.
„Не знам, на теренот се чувствувам добро, дури и кога има сет помалку, не брзам“, рекол освојувачот на 20 гренд-слем титули.
Швајцарецот потсетил и дека играњето со „среќниот“ рекет му помага во последните неколку години. На прашањето дали би удирал помалку добро кога би го сменил рекетот, третиот светски рекет рекол.
„Не знам, не сум размислувал на таа тема, веројатно не. Честото менување на рекетот веројатно не е најсреќната работа на светот. Знаете дека тука може да внесете само некои мали промени. Искрено јас не знам уште колку време ќе играм. Можеби уште само малку, така што нема да имам време да го сменам рекетот“, заклучил Федерер.