Top Sport

Јунајтед се заинтересирани за двајца српски репрезентативци

Манчестер Јунајтед се заинтересирани за двајца српски репрезентативци, пишува „Манчестер ивнинг њуз“. Според овој извор станува збор за играчите на Лацио и Фиорентина, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Никола Миленковиќ.

Еветуалниот трансфер на Милинковиќ-Савиќ зависи од Пол Погба, односно дали францускиот репрезентативец ќе остане во клубот или не. Јунајтед се уште не испратиле официјална понуда за Милинковиќ-Савиќ, а медиумите шпекулираат дека Лацио би прифатиле понуда од 80 милиони евра.

Миленковиќ е дефанзивец, кој може да игра во централниот дел и по десната страна во одбраната. За овој играч Фиорентина бара околу 50 милиони евра.

Јунајтед подолг период го следи овој тандем. Минатата година, додека се уште беше менаџер на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо беше во Подгорица на мечот Црна Гора-Србија за да ги види во „живо“.

Scroll to Top