Top Sport

Тотенхем си најде играч што ќе го замени Ериксен

Играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос и неговиот менаџер ги започнале преговорите околу евентуалниот трансфер на фудбалерот во редовите на Тотетнхем, објави „Скај Спорт“.

Себаљос, неодамна, одигра одлилно на Европското првенство за играчи до 21 година и беше еден од најзаслужните за титулата што ја освоија Шпанците. Минатата сезона тој речи и да не играше во Реал, особено по доаѓањето на Зинедин Зидан на тренерската позиција.

Фудбалерот е еден од играчите на кои Зидан по завршувањето на сезоната им кажал дека повеќе нема да му требаат нивните услуги.

Тотенхем бараат замена за Кристијан Ериксен, кој се подготвува да ги напушти редовите на европскиот вице-шампион.

За 22 годишниот играч интерес покажува и Ливерпул. Се претпоставува дека Реал од трансферот ќе заработи околу 50 милиони евра.

Себаљос во Реал пристигна од Бетис за сума од 18 милиони евра во 2017 година.

Scroll to Top