Top Sport

Де Јонг: Планирав прво да одам во Арсенал, но…

Новиот фудбалер на Барселона Френки де Јонг открил дека имал намера од Ајакс да се пресели во Арсенал, а дури потоа во Барса, но понудата од Каталинија стигнала побргу од очекуваното.

Барселона во јануари, за сума од 75 милиони евра го договорија трансферот на 21 годишниот фудбалер, кој минатата недела официјално стана играч на шпанскиот великан.

„Арсенал, во минатото ми делуваше преубаво. во главата си ‘нацртав’ пат кој од Ајакс требаше да ме однесе таму, а потоа и во Барселона. Тоа го нарекувам патот на Марк Овермарс (актуелен челник на Ајакс и поранешен играч на Арсенал и Барселона). Сепак кога ќе ви се пружи шанса директно да и се приклучите на Барселона, тогаш без дилема го правите тоа. Побргу од очекуваното си го остварив сонот“, рекол Де Јонг.

Френки де Јонг со Барселона потпишал договор до јуни 2024 година.

Scroll to Top