Top Sport

Де Леаурентис: Реал бараат многу пари за Хамес

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, покрај прашањата поврзани со можниот трансфер на Елиф Елмас, го коментирал и шпекулациите кои го поврзуваат Хамес Родригез со неговиот клуб.

Репрезентативецот на Колумбија има желба да се пресели во Наепол, каде повторно би работел со Карло Анчелоти, кој го тренираше во Реал и Баерн.

„Родригез има желба да игра за Наполи, меѓутоа Реал бараат многу пари“, рекол Де Лаурентис.

Хамес Родригез летово се врати во Реал откако му заврши две годишната позајмица во Баерн Минхен.

Инаку, претседателот на Наполи, не открива колку пари бара Реал за Колумбиецот. Медиумите шпекулираат со сума од 40 милиони евра.

Scroll to Top