Шкупи имаше шанса да има мирен реванш во првото квалификациско коло во Лига на Европа, откако водеше со 3:1 на гостувањето кај Пјуник во Ерменија, но 14-кратниот шампион на оваа земја во последните 10 минути успеа да извлече 3:3 реми.
Мечот започна лошо за македонскиот претставник, откако веќе во четвртата минута домаќините стигнаа до водство преку гол од пенал на Ерик Вардањан. Сепак, ова не го наруши духот кај чаирчани, кои до крајот на првото полувреме направија целосен пресврт – прво преку Мухарем Бајрами во 26. минута, а потоа и преку Дарко Илиески во 43. минута од мечот.
Во второто полувреме, Бајрами постигна уште еден гол во 60-тата минута донесе предност од два гола, но домаќините успеаја да остават надеж за реваншот, откако прво Максим Жестоков во 80-тата со удар со глава го совлада Тулио, а само пет минути подоцна Армен Манучарјан израмни на 3:3.
Фото: ФК Шкупи