За капитенот на Барселона и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси дојде време за одмор по фрустрирачкиот настап на Копа Америка, каде што стигна само до бронзата (која одби да ја земе.
Неговата сопруга, Антонела Рокуцо на Инстаграм се пофали со фотографија на која се на плажа заедно со своите синови Тијаго, Матео и Чиро. „Во рај со момците“, напиша поубавата половина на Аргентинецот.
Меси предизвика голем скандал на Копа Америка, откако ги обвини организаторите и судиите дека го „местат“ Бразил да биде шампион.