Top Sport

ТдФ: Греневеген со спринтерски триумф на најдолгата етапа

Холанѓанецот Дилан Греневеген е победник на најдолгата етапа на Тур де Франс, откако во спринтерски финиш го совлада Австралиецот Кејлеб Јуан за триумф на седмата етапа.

Греневеген (Џамбо-Висма) имаше незгоден пад на првиот ден на 106. издание на Тур де Франс, но остана во игра и сега триумфираше по четврти пат во својата кариера. Тој излета зад своите ривали во хаотичното финале на 203 километри долгата етапа, за да ги помине Елија Вивијани и Петер Саган, за во финишот да го остави Јуан зад него. Саган заврши како трет за да го зголеми водството во пласман за зелената маичка.

„Селпгаѓ е тесно против Кејлеб и затоа сум презадоволен од оваа победа. Првиот ден паднав навистина лошо и следните денови беше многу тешко, но сега се чувствував одлично и знаев дека можам да нападнам“, изјави Греневеген.

Италијанецот Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо) останува лидер  и носител на белата маичка како најдобар млад велосипедист, откако 24-годишниот дебитант на Тур де Фран заврши во главната група и остана со шест секунди предност пред Французинот Жулиен Алафилип.

Scroll to Top