Антоан Гризман вели дека било „вистинско време“ да дојде во Барселона откако го комплетираше долгоочекуваниот трансфер од Атлетико Мадрид, и само една година откако јавно ги одби Каталонците преку ТВ-видео наречено „одлука“.
Се очекуваше 28-годишниот Гризман минатото лето да потпише за Барса, но тој реши да остане во Атлетико и во исто време потпиша нов договор. Сега, откако Барса платија 120 милиони евра да ја активираат неговата клаузула, тој објасни дека како дете добил лекција дека шансите можат да дојдат и по вторпат.
„Кога бев дете, мојот татко ме научи дека возовите не доаѓаат само еднаш. Сега е време да го прифатам предзвикот и конечно нашите патишта се вкрстија. Ќе ги бранам боите на Барса со целосна посветеност. Сега е нашето време“, изјави Гризман во видео кое го постираше каталонскиот гигант.
Сепак, сагата околу неговиот трансфер не е завршена, откако Атлетико најави дека преку суд ќе бара исплата на 200 милиони евра, а не 120, бидејќи тврдат дека договорот е склучен пред 1 јули, кога неговаа клаузула падна од 200 на 120 милиони евра.
✌️ Life is all about second chances. pic.twitter.com/5ArFiaP2ht
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 12, 2019