Top Sport

Кочов и наредната сезона ќе го предводи МЗТ

Тренерот кој пред еден месец на МЗТ тим му ја донесе седмата титула, Ѓорѓи Кочов (34)и следната сезона ќе седи на клупата на клубот од Аеродорм.

Со ова продолжија заложбите на управата на клубот за давање шанса на младите домашни тренери, кои, пак, во иднина би биле столб и на македонската кошарка во целост.

Станува збор за шестиот стратег кој успеал да го донесе шампионскиот пехар во „Јане Сандански“ (по Тодоров, Пипан, Мартич, Јончевски и Назор) и само четвртиот тренер во Македонија кој може да се пофали со триумф во домашното првенство и како играч и како предводник од клупата.

Тој во „сино-белиот“ табор дојде во текот на предминатиот шампионат, а за него ова ќе биде втора сезона која ја почнува како предводник на МЗТ Скопје.

Популарниот Ѓоле веќе работи на формирањето на тимот за следниот период, со кој ќе се обиде да го продолжиме трендот на остварување добри резултати како на домашна сцена така и во настапите во АБА2-лигата.

фото/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top