Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, вчера се приклучи на клупските подготовки. Откако се појавил во клубот тој имал состанок со спортскиот директор Леонардо.
„Ле Парисиен“ пишува дека разговорот бил интензивен, а Нејмар порачал дека сака во текот на летниот преоден рок да го напушти клубот. Според истиот извор Леонардо се обидел да го убеди сонародникот да се премисли, но тој не попуштил.
Нејмар повеќе на планирал да игра за ПСЖ, но имал желба клубот да го напушти мирно и без тензии, односно сакал да остане во добри односи со челниците на клубот. „Скај Спорт“ објави дека во ПСЖ не стигнала ниту една понуда за Нејмар.
Без оглед на желбата, Нејмар ќе мора да оди со клубот на турнејата во Кина, во спротивно тој повторно ќе биде финансиски казнет. Доцнењето на подготовките го чинеше 370.000 евра.