ЖРК Вардар стигна до втората победа во ракометната Лига на шампиони, победувајќи на гостувањето во Ерфурт против тимот на Турингер со убедливи 21:29, комплетирајќи го одличниот викенд за Вардар, откако машкиот тим во саботата ја победи големата Барселона.
Почетокот беше израмнет за двата тима, пред од 6:6, Вардар да направи низа од 6-0 за водство од 12:6, по што на полувреме се отиде на одмор со разлика од осум гола (11:19).
Најефикасна кај победничкиот тим беше Јованка Радичевиќ со седум гола, додека пет гола постигнаа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ, додека на голот, Ина Суслина имаше осум одбрани, а Амандин Лејно седум.
Дуелите во Лигата на шампионите продолжуваат за Вардар со домашната пресметка со норвешкиот Ларвик.