Чичкото на Рафаел Надал, Тони, изјавил дека ‘новата генерација’ нема шанси против Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Ѓоковиќ во неделата ја освои својата петта титула на Вимблдон. Тој во финалето го победи Роџер Федерер. Начинот на кој Ѓоковиќ дојде до својата 16 грен-слем титула повторно отвори дискусија во тенискиот свет колу тоа кој играч е најдобриот тенисер на сите времиња.
„Бјорн Борг, Џон Мекинро и Џими Конорс беа големи шампиони. Заедно имаат освоено 26 грен-слем трофеи. Сега погледнете ги Роџер, Рафа и Новак тие заедно имаат 54, значи повеќе од дупло. Јасно е зошто многу мина ги сметаат за најдобрите на сите времиња. Во секој случај сметам дека тие тројца имаа и среќа бидејќи генерацијата која дојде после нив не е способна да ги загрози“, оценил Тони Надал.
Федерер води на вечната листа со 20 грен-слем титули, две помалу има Надал, а четири Ѓоковиќ.