Поранешниот фудбалер на Ливерпул Даниел Стариџ е суспендиран на две недели и парично казнет со 75.000 фунти бидејќи ги прекршил правилата за обложување пропишани од Фудбалската асоцијација на Англија.
Страриџ повторно ќе може да игра фудбал по 31 јули.
Првично поранешниот англиски репрезентативец се соочи со 11 обвинувања, девет од нив подоцна биле отфрлени од страна на Независната регулаторна комисија.
На крајот тој бил казнет бидејќи било утврдено дека, во јануари 2018 година, му рекол на својот брат Леон да стави облог дека ќе направи трансфер во Севилја.
На крајот тој трансфер не е реализиран, а Стариџ како позајмен играч замина од Ливерпул во ВБА.
Постапката против фудбалерот е покренат во ноември минатата година, а од Фудбалската асоцијација на Англија најавиле дека ќе ја обжалат одлуката.