Top Sport

МЗТ без мака со Фени Индустри

МЗТ Скопје го комплетираше седмото коло од македонската прва лига со убедлива 56:82 победа на гости во Кавадарци кај Фени Индустри, тим чие егзистирање е неизвесно по стечајот на фабриката.

Во Фени веќе ги нема странските кошаркари, така што кавадарчани имаа сила за отпор само во една четвртина, која дури ја добија со 14:12, најмногу поради слабата реализација на гостите. Сепак, потоа „работата“ си дојде на своето место и до третата четвртина разликата беше над 20 поени.

Најдобар кај МЗТ беше Хрватот Јуре Лалиќ со 20 постигнати поени, Марко Симоновски додаде 15 поени, а Дамјан Стојановски имаше 8 поени и 7 скока. Кај домаќините Јане Петровски постигна 19 поени.

Фото: МЗТ Скопје

Scroll to Top