Top Sport

Паркер би сакал „пресметка“ со Џошуа на „Ноу Камп“

Откако менаџерот на Ентони Џошуа, Еди Херн најави дека сме „блиску“ до потврда на меч за обединување на титулите во тешка категорија со Новозелаѓанецот Џозеф Паркер, од неговиот камп најавија дека мечот би можел да се случи на голем стадион, но не на „Вембли“ туку на „Ноу Камп“.

Дејвид Хигинс, директор на „Дуко евентс“, компанијата која ја води кариерата на новзеландското изненадување Паркер, вели дека веќе е разговарано со луѓето од Каталонија.

„Англичаните сакаат да патуваат во Шпанија, а веќе има и многу кои живеат таму. Од Англија до Барселона стигнуваш веднаш“, изјави Хигинс.

Многу боксерски фанови повеќе би сакале да видат пресметка меѓу носителот на ВБА и ИБФ титулите Џошуа и американскиот „бронзен бомбардер“ Дионтеј Вајлдер, кој ја има ВБЦ титулата, но планот на промотерите на Џошуа е прво да се „среди“ помалата закана Паркер. Ќе видиме дали згрешиле во проценката.

Scroll to Top