Хајдук Сплит, еден од најпознатите клубови во поранешна Југославија, член на „големата четворка“ заедно со Црвена ѕвезда, Партизан и Динамо Загреб, синоќа доживеа тежок дебакл пред своите навивачи во Лига Европа.
Хајдук испадна во првото коло од Гзира од Малта, тим што го предводи Италијанецот Џовани Тедеско, кој во кариерата играл за Фиорентина, Џенова, Палермо…
Екипата од Хрватска првиот меч на Малта го доби со 2:0, поради што во реваншот најавуваа ревија на голови. Наместо тоа се случи чудо какво „Пољуд“ не памети уште од голот на Радановиќ против Бугарија во декември 1983 година.
Хамед Коне е човекот што ги зави во црно фудбалерите од Сплит и го навлече гневот на навивачите, кои по мечот се обидоа да се пресметаат со играчите на Хајдук.
Коне е од Брегот на Слоновата коска, има 31 година, а во Гзира пристигна од редовите на косовскиот шампион Фероникели, каде минатата сезона не се прослави, одиграл пет натпревари и не успеал да постигне гол. На фудбалскиот пазар според „Трансфермаркт“ вреди 50.000 евра.
Синоќа Коне постигна два спектакуларни гола, од кои првиот со ножички кога на Гриза и донесе водство од 2:1, а во 96 минута ја однесе Гриза во второто коло.