Top Sport

Милан ќе издвојат 55 милиони за напаѓачот на Атлетико?

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа се наоѓа во плановите на Милан. Според италијанските медиуми челниците на Милан биле подготвени за трансферот на Аргентинецот да издвојат 55 милиони евра.

Новинарот Џанлука Ди Марко пренесе дека на „Сан Сиро“ биле сигурни дека можат да го реализираат трансферот на 24 годишниот напаѓач, чии интереси ги застапува менаџерот Жорж Мендеш.

Парите за трансферот Милан би ги обезбедиле од продажбите на Патрик Кутроне и Андре Силва, кои се наоѓаат во плановите на Вулверхемптон односно Монако.

Кореа е во Атлетико од 2014 година, минатата сезона одигра 49 натпревари, забележа шест гола и четири асистенции. Аргентинецот има договор со „јорганџиите“ до јуни 2024 година.

Scroll to Top