„Пол Погба треба да се фокусира на својата кариера, а не да размислува како да му ги исполни желбите на својот менаџер“, рекол легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Брајан Робсон.
Робсон смета дека менаџерот на Погба, Мино Рајола, има негативно влијание врз фудбалерот, односно дека целта на менаџерот била фудбалерот често да ги менува клубовите за тој да може да заработува од провизиите.
„Јасно како ден е дека менаџерот си има свои интереси. Погба треба да заземе став дека тоа не допира до него и одлуките за промена на тимот да ги носи кога тоа ќе биде во негов интерес. Исто така не ми се допаѓа тоа што Рајола секогаш сака да биде во центарот на вниманието“, рекол Робсон.
Погба ова лето има желба да се пресели во Реал Мадрид, меѓутоа Јунајтед нема намера да го пуштат. Челниците на „црвените ѓаволи“ ќе направат исклучок само доколку Реал или некој друг клуб платат 170 милиони евра за услугите на Погба.