Top Sport

Рекорден награден фонд на Ју-Ес опен

Организаторите на гренд-слем турнирот што се одржува во Њујорк, Ју-Ес опен, соопштија дека наградниот фонд е зголемен за осум отсто. Оваа година наградниот фонд на ју-Ес опен ќе изнесува преку 57 милиони долари.

Ју-Ес опен повторно има најголем награден фонд од гренд-слем турнирите. Оваа година победниците во машкиот и женскиот сингл ќе заработат по 3.850.000 долари. Победата во двојки организаторите ќе ја наградат со по 740.000 долари.

И оние што ќе испаднат во текот на турнирот ќе добијат повеќе пари. Тоа значи дека играчите што ќе испаднат веќе во првото коло ќе добијат по 58.000 долари. Интересно за елиминација во второто коло се добиваат 100.000 долари, колку што изнесувал вкупниот награден фонд на турнирот во 1968 година.

Ју-Ес опен ќе се одржи од 26 август до 8 септември, а титулите ги бранат Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака.

Scroll to Top