Top Sport

Фетел: Хамилтон си игра со нас

Возачот на Ферари, Себестијан Фетел е фрустриран од доминацијата на Мерцедес и Луис Хамилтон во досегашниот тек од сезоната. Мерцедес триумфираа на првите осум трки оваа сезона, а шест победи однесе Хамилтон.

Фетел е свесен дека Ферари оваа сезона не може да им конкурираат на Мерцедес, а најдобар показател му била трката во Франција.

„Ризикував многу за да го извозам најбрзиот круг, а Хамилтон забележа исто време со истрошени гуми“, рекол Фетел и дополнил.

„Да не се лажеме, Луис си игра со нас“.

Хамилтон е лидер во првенството со 187 бода, 36 помалку има неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека Фетел е трет со 111.

Наредната трка се вози наредниот викенд во Австрија.

Scroll to Top