Германецот Даниел Абт беше дисквалификуван од втората Формула Е трка во Хонгконг, препуштајќи му ја победата на Феликс Росенквист.
Дисквалификацијата дојде по прегледот на Аудито на Абт по трката, кое ги прекршувало техничките и спортските регулативи.
Оваа одлука значи дека Феликс Росенквист (Махиндра) ја остварува победата, додека Едоардо Мортара е втор за тимот на Вентури. Мич Еванс, кој беше четврти, сега го презема местото на подиумот, прво за Панасоник Јагуар тимот.
Абт заостануваше долго време зад Мортара, пред Швајцарецот да го изврти болидот на два круга пред крајот и беше поминат од Абт и Росенквист. Со дисквалификацијата на Абт, нов лидер во генерален пласман е победникот на првата трка во Хонгконг, Сем Брд.
This is where it all went wrong for @edomortara ? #HKEPrix pic.twitter.com/W0jV3lGSlN
— FIA Formula E (@FIAFormulaE) December 3, 2017