Top Sport

Абу Даби: Хамилтон најбрз во квалификациите

Петкратниот светски првак, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата, во пресрет на последната трка во првенството на Формула 1, Големата награда на Абу Даби. Хамилтон 11. пат беше најбрз во квалификациите оваа сезона. Британецот ја освои 83. пол-позиција во кариерата.

Мерцедес доминираше во квалификациите, Хамилтон беше најбрз со време 1:34.794 минути, а второто место му припадна на неговиот тимски колега Валтери Ботас. Финецот од Британецот имаше послабо време за 162 илјадити делови од секундата.

Вториот ред на утрешниот старт на трката им припаѓа на пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконе, кој ќе ја вози последната трка за овој тим.

Позициите пет и шест на стартот ги обезбедија Даниел Рикардо и Макс Ферстапен, а зад нив следуваат Роман Грожан (Хас), Шарл Леклер (Заубер), Естебан Окон (Форс Индија) и Нико Хулкенберг (Рено).

Трката за Големата награда на Абу Даби, со која ќе заврши сезоната 2018 во Формула 1, се вози в недела од 14:10 часот.

Scroll to Top