Top Sport

Абу Даби во календарот до 2030 година

Формула 1, во четвртокот објави, дека трки во Абу Даби ќе се возат најмалку до 2030 година.

Абу Даби е во фокусот на вниманието на Ф1 фановите, в недела, во последната трка ќе биде познатот кој ќе биде шампион. Луис Хамилтон и Макс Ферстапен со ист број на бодови влегуваат во завршниот чин од оваа сезона.

Ф1, пред одржувањето на прес конференциите на тимовите и возачите, објави дека е постигнат договор со менаџментот на компанијата „Абу Даби Мотоспорт“.

Патеката „Кас марина“, во календарот се наоѓа од 2009 година.

Scroll to Top